Во првите осум месеци во Германија бројот на работни дозволи се зголемил за 70 проценти. Најголем број од дозволите ги добиваат Албанци и Босанци.
Како што пишува весникот „Велт“ повеќето од нив се со ниски квалификации и работат како помошници.
Од почетокот на 2016 година, граѓаните од Косово, Албанија и БиХ полесно можат да добијат виза за работа поради олеснета процедура.
Овие земји важат за безбедни, а работниците имаат привилегии на пазарот на труд.
За “Blue Card” високо образованите луѓе во Германија мора да заработат годишно над 50.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.