По безбројните неосновани и бесрамни напади на лична основа се со цел лична дискредитација на кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци на ВМРО-ДПМНЕ и Kоалицијата „За подобра Македонија”, Митко Јанчев, сега цел на напад од страна на личности блиски до СДСМ се и неговите гласачи и поддржувачи.
За овој проблем јавно проговори и самиот Јанчев, кој на синоќашниот мини митинг оддржан во селото Марена меѓу другото рече:
-Во Марена има една група на луѓе, кои што нема што да прават и се избркани од дома, се продвикаат и прават тензии, ги заплашуваат маренци да не излегуваат на митинзи, да не гласаат, дека нема да му биде откупено грозјето. Тоа е чиста предизборна сдсмовска црна кампања. Никој не заслужува со нешто да биде понижен, а најмалку да биде уценет за грозјето. Јас сум приватен бизнисмен и од свои 23 години сам се снаоѓам и никој во животот не сум го уценил никогаш и покрај тоа што сум бил во позиција да го направам тоа. Тоа е казниво од народот и од Господ – истакна Јанчев.
Во своето обраќање пред жителите на Марена, Митко Јанчев ја промовираше својата предизборна програма, специфично задржувајќи се на сите проекти кои директно ги засегаат жителите на ова кавадаречко село.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)