Владата на СДС за едни мајка за други маќеа, оние кои беа на улиците и протестираа како членови на т.н Шарена револуција извисени, а за возврат работа добија само најснаодливите, јавноста прашува кој е придонесот на Земир Мехмети, Нора Шаќири и Бубо Каров за да имаат огромни плати?
СДС вдомија лица кои досега во овие 100 дена не покажаа ниту еден проект, единствена нивна активност која граѓаните ја знаат е само нивните вработувања, јавноста ниту знае што работат, ниту дали досега имаат сработено нешто што може да биде од општа корист за граѓаните, ниту пак колку пари тие заработуваат.
Тој нема работено ништо што е поврзано со телекомуникациите и менаџирањето, она што е познато за неговата кариера е дека бил активен во неколку невладини организации, најголемиот дел финансирани од Сорос.
Јавноста прашува колку точно пари Мехмети ќе зема за ангажманот?
Министерството за култура на Роберт Алаѓозовски ја вдоми и новинарката Нора Шаќири која благодарение на протестите против ВМРО-ДПМНЕ таа доби работа.
Инаку Шаќири својата работа ја бараше преку својот Фејсбук профил директно од Зоран Заев, а таа од Заев побара да ја вработи, откако поранешниот новинар Мухамед Зекири се вработи во СДСМ, а потоа стана и пратеник од таа партија.
На социјалните мрежи Нора Шаќири го прашуваше Заев зошто е таа помалку вредна од Мухамед Зекири?
Откако Шаќири го прозва, Заев и одговори оти тој не знаел дека таа има потреба од ангажман и работа, и ја повика на кафе кај него во партија.
И Бубо Каров, кој на јавноста и е познат како „Цацко“ се вработи во државна институција. Тој откако гласно протестираше против ВМРО-ДПМНЕ стана надворешен советник на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.
Граѓаните гласно прашуваат колку пари ќе заработат Нора Шаќири, Бубо Каров и Замир Мехмети и дали ова е таа департизација на институциите и општеството која Заев ја најави, а откако дојде на власт на неколку ресори постави функционери кои што немаат никакви поврзаности со работата која сега ја работат, меѓутоа се членови на СДСМ или беа активни во текот на Шарената револуција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.