| четврток, 6 декември 2018 |

Разводот остава траги: Бред Пит стана непрепознатлив

Со месеци се говори дека разводот на најпознатиот холивудски пар лошо влијае на Анџелина Џоли, односно дека таа ослабна до непрепознатливост од нервоза и проблемите кои и се случиле.

Но, не ослабна само Анџелина. Нејзиниот досегашен сопруг Бред Пит е фотографиран на сетот на филмот „Ad astra“. И тој драстично ја загубил тежината, но тоа не е поради потребите на филмот.

На фотографиите се забележува дека ја загубил формата која ја имал како еден од најголемите заводници во Холивуд. Странските медиумии пренесуваат дека многумина не сфатиле дали станува збор за популарниот актер, бидејќи на прв поглед им бил непознат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top