| четврток, 6 декември 2018 |

Костовски: Поројните дождови нема да ги поплавуваат бутелските улици

Сметам дека програмата којашто ја имаме е целосно исходна и навистина опфаќа од сите можни области, изјави за ТВ Нова кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, Дарко Костовски.
Тој додаде дека кога говориме за приоритет најпрво што му доаѓа на ум е инфраструктурата во однос на Општина Бутел.

-Тоа што е приоритет е средување на атмосферската канализација, има проблеми во одреден дел на територија на Бутел при посериозни дождови има одредени поплави и тоа сметам дека е сериозен проблем на граѓаните, во таа смисла во програмата се предвидени и целосно средување на атмосферската канализација од потегот на кружниот тек долж по улицата Бутелска“, истакна Костовски.

-И во населбата Радишани има одредени проблеми, така да тука предвидуваме да се среди целосно атмосферската канализација и очекуваме проблемот веќе да биде надминат, посочи Костовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top