Полициска снимка е објавена од нападот од Лас Вегас.
Пукањето врз посетителите на концертот, почнало нешто по 22 часот во неделата и траело скоро 11 минути. Очевидци велат дека масакрот траел 15 минути.
Покрај сирените и звукот на пукањето се слушаат и повици како полицијата ги насочува луѓето во побезбедни делови. Стивен Педок, 64-годишник од Невада, нападот во неделата го изврши пукајќи во публиката на фестивалот Рут 91 Харвест, на кој имаше околу 22.000 луѓе, од својата соба на 32 кат на хотелот Менделеј беј на главниот булевар во Лас Вегас.
Педок поставил камери во и надвор од својата хотелска соба, веројатно за да го следи пристигнувањето на полицијата. Во нападот беа убиени 58 луѓе, а повредени беа над 500.
Неделното пукање во Лас Вегас стана најголемото масовно убиство во современата американска историја, а властите работат на собирање податоци што го натерало Педок на тој чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)