Вчера во Скопје околу 19 часот на улицата Максут Садик во колонијална продавница, С.Н., кој бил во алкохолизирана состојба влегол во продавницата и побарал да биде услужен со алкохол, но од вработената 23-годишната П.А и уште едно 16-годишно лице не бил услужен.
Насилникот С.Н. ги удирал со метална шипка, при што вработената и малолетникот се здобиле со повреди и со возило на итна медицинска помош се префрлени во градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на доктор им се констатирани телесни повреди, соопштуваат од полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.