| четврток, 6 декември 2018 |

Тешки моменти во кариерата: Серхио Агуеро не може да се движи без помагала

Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро, кој игра за Манчерстер Сити, подолго време ќе отсуствува од фудбалските терени, соопшти докторот на репрезентацијата Донато Вилани.

– Агуеро ќе паузира околу шест месеци. Тој тешко се движи и му треба помош да влезе во автомобил, да се движи низ куќата. Во лошо расположение затоа што сака, а не може да и помогне на Аргентина во клучните квалификациски натпревари за Светското првенство, рече Вилани.

Напаѓачот на Манчестер Сити минатата недела доживеа сообраќајна несреќа враќајќи се од концерт во Амстердам кога таксито со кое се превезуваше удри во бетонски столб. Во сообраќајнта несреќа, Агуеро доби фрактура на две ребра, и многу е веројатно дека тој би бил посериозно повреден ако не бил врзан со појасот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top