| четврток, 6 декември 2018 |

Професорка спиела со шест ученици, имала и секс во тројка

Професорка и мајка на две деца е осудена на 10 годишна затворска казна поради секс со шестмина ученици, од кои со двајца ученици имала секс во тројка.

Хедер Ли Робертсон (39) го признала делото и освен една деценија зад решетки, таа доживотно ќе се наоѓа на листата со сексуални престапници и секако, ќе ја загуби професорската лиценца.

Робертсон предавала во средното училиште во тексашкиот град Луфкин каде што во периодот од ноември 2016-та година и февруари 2017-та година, завела шестмина тинејџери со кои што имала сексуални односи.

За случајот да биде побизарен, Робертсон лично ги замолила родителите на еден од учениците да го донесат своето дете во нејзиниот дом за да ѝ помогне околу разместувањето на мебелот.

Робертсон имала сексуални односи со двајца ученици истовремено. Еден од тинејџерите признал пред полицијата дека се започнало преку популарната социјална мрежа Snapchat. Момчето го повикало и својот другар, по што нивната професорка после стриптизот, ги одвела во кревет.

Робертсон признала дека имала сексуални односи со учениците, но нагласила дека таа не ги присилила на такво нешто. Мајката на еден од тинејџерите за американските медиуми открила дека кај синот забележала чудно однесување, но не знаела за што станува збор се додека за скандалот не дознала целата јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top