Резултатите сведочат за посветеноста кон работата, за соработката и отчетноста. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија е партија која, она што го ветува и го исполнува. Нашиот збор е наша обврска и ние од дадениот збор не отстапуваме. Вие го знаете тоа, истакна кандидатот за градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски, на големиот митинг во општината Ѓорче Петров.
–Кај мене нема многу многу политика, туку има многу работа – градење сообраќајни коридори, водоводи, фекални канализации, паркиралишта… Граѓаните својата доверба ни ја даваат токму затоа, со конкретни зафати да ги подобриме условите во кои што живеат, а не само да водиме политика во која и ден денес гледаме луѓе кои нон-стоп со празни зборови и нереални ветувања сакаат да ве излажат, а потоа ништо да не работат. Ние не сме такви. И затоа пред вас излегуваме со конкретна програма со која ќе ја побараме вашата доверба.
Јас сум роден во Скопје, рече Трајановски, и одлично го познавам. Работам посветено да ги намалам неговите недостатоци, работам на неговите предности. Секојдневно живеам со проблемите со кои се соочуваат жителите на Скопје и вие знаете дека сум достапен за секој од Вас. На локалните избори во 2009 и 2013 година Вие, почитувани сограѓани, ми ја дадовте довербата да бидам градоначалник на Скопје. Тоа за мене беше огромна чест, но и голема одговорност да го исполнам ветеното.
Денес, додаде Трајановски, упатувам искрена благодарност на жителите на Ѓорче Петров кои исто така ми дадоа огромна поддршка.
–Плод на таа одговорност и посветеност се успешно реализираните проекти, заедно со мојот тим и администрацијата на градот Скопје. Денес, стојам пред Вас со гордо крената глава зашто зад себе оставам проекти кои самите доволно говорат за мојата посветеност за Ѓорче Петров и за Скопје. Реализиравме проекти кои го сменија ликот на Скопје. Реализиравме проекти кои ја подобрија проточноста по булеварите во Скопје, изградивме голем број на кружни текови. Реализиравме проекти кои ја подобрија хигиената во Градот… Ѓорче Петров е симбол на мултиетнички соживот и разбирање, Ѓорче Петров е општина на младите, на најголем број на кружни текови на единица површина, во Ѓорче Петров заедно со вас реализиравме капитални проекти во изминатите 8 години, рече Трајановски и наброја некои од нив:
„Го пробивме булеварот Партизански одреди од Порта Влае до кружниот тек, го пробивме булеварот Македонска Војска, го пробивме тесното грло на „Борис Сарафов“. Изградивме после 30 години нов мост на реката Вардар, меѓу општините Ѓорче Петров и Сарај. Реконструиравме повеќе улици. И не само во Ѓорче Петров, Морам да нагласам дека за првпат се реализираа проекти во сите 10 скопски општини, без разлика на политичката припадност на локалниот градоначалник, без разлика на мнозинската етничка припадност, без разлика дали населбите се урбани или рурални… реализиравме голем број на проекти. Не беше заборавена ниту една општина“.
Почитувани сограѓани, додаде Трајановски, денес повторно ја барам Вашата доверба, за уште еден градоначалнички мандат, вашата доверба ја барам врз основа на програма.
–Оваа пограма е правена заедно со стручни луѓе од сите области, заедно со граѓаните на Скопје. Заедно со општините, заедно со градоначалниците, заедно со идниот градоначалник на Ѓорче Петров , Владо Мисајловски – Кендо. Потсетете се само какво беше Скопје пред да станам градоначалник. Скопје беше град со мали и тесни улици и булевари, со гужва во сообраќајот, висок степен на нехигиена. Скопје денес прерасна во град со широко булевари, со велосипедски патеки, туристички град, град на младите, град на велосипедски сообраќај, кандидат за европски град на Култура, Енергетски ефикасен и зелен град. Тоа е резултат на нашите дела, нашата посветена макотрпна работа за подобри услови во Скопје, рече Трајановски.
„Слушам дека Петре ме барал на дебата. Јас ќе го прашам каде беше Петре на 25 септември кога беше првата дебата на кандидатите за градоначалници на Град Скопје на ТВ Нова, не дојде, го немаше. Слушам сум бил најголемиот сечач на дрва, јас би го прашал дали некогаш засадил дрво во Скопје, а вие сте сведоци дека јас имам засадено преду 256 илјади дрвја и зеленило во Град Скопје во изминатите 8 години. Видливо е тоа“.
Доаѓа нова ЕРА, рече Трајановски, на промени кон подобро, нови идеи за подобро живеење во главниот град и општините.
-Во оваа програма за период од 2017-2021 има проекти за сите 10 општини од градот Скопје. Сите проекти ке ги реализираме во соработка со кандидатот за градоначалник на општината Ѓорче Петров, Владо Мисајловски – Кендо, со Советот на општина Ѓорче Петров. Мисајловски беше Министер за транспорт и врски, позитивен, непосреден со вас граѓаните, насмеан, вреден, енергичен, работлив млад човек со ведар дух, кој ќе застане и посветено ќе работи за доброто на жителите на Ѓорче Петров во сите населени места независно од нивата етничка припадност.
Заедно со конкретните проекти што тој ги нуди во својата предизборна програма, е доволен услов граѓаните на Ѓорче Петров да ја дадат својата доверба на претстојните избори на мене и на Владо Мисајловски и да го поддржат развојот на општината Ѓорче Пертов и Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)