Портпаролката на Европската унија Маја Коцијанчич ги отфрли обвинувањата на Белград дека за Каталонија, односно Шпанија, важат други стандарди од оние кои важеа за Србија во случајот со Косово и истакна дека меѓународното право е универзално и дека ЕУ „во целост го почитува“.
Коцијанчич по повод вчерашниот став на Европската комисија дека случаите на Косово и Каталонија се неспоредливи, во изјава за Танјуг истакна дека во ЕУ не постојат двојни стандарди.
– Косово е единствен случај. Како што потврди и Европскиот Совет, тој како таков не може да се спореди со која било друга ситуација. Нема двојни стандарди. Меѓународното право мора да биде универзално применето, а ЕУ во целост го почитува, се наведува во писмениот одговор на Коцијанчич за Танјуг.
Српскиот претседателот Александар Вучиќ, вчера оцени дека ставот на Европската комисија оти референдумот за независност на Каталонија е нелегален, е најдобар пример за двојните стандарди и лицемерито на светската политика.
– Како тоа во Каталонија не важи референдумот, а Косово може и без референдум, праша Вучиќ на заедничката прес-конференција со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. – Си играа со судбините на државите кога ги прекројуваа границите на Балканот, а денес не им е до игра, кога мечката тропна на нивна врата. Сега ситуацијата е многу сериозна, истакна Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации