– Пред локалните избори во земјата, ние ги охрабруваме сите претставници на политички партии да постапуваат одговорно. Исто така, ги повикуваме сите институции да обезбедат услови за веродостоен и транспарентен изборен процес, што ќе им овозможи на сите граѓани слободно да ги остваруваат нивните демократски права – порача Коцијанчич.
Од претходно е кажано дека, покрај исполнување на бараните реформи од ЕК, во рамки на Итните реформски приоритети за Македонија, за отстранување на условеноста на препораката за отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската унија, официјален Брисел инсистира и на одржување фер и демократски локални избори, на кои сите партиципиенти ќе имаат услови за фер изборен натпревар на кој граѓаните слободно и без притисоци ќе го дадат својот глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.