| четврток, 6 декември 2018 |

Најубавата песна на Кеба – украдена!

keba
Несомнено Драган Коиќ Кеба е познат по песната „Имао сам“, но малку кој знае дека токму својата најубава песна Кеба, без прашање, ја презел од својата колешка Нада Обриќ.

Нада Обриќ снимила песна „Имала сам љубав једну“ многу пред Кеба, на самиот почеток на војната во Југославија, па затоа нејзината публика немала можност да ја слушне оваа верзија. Токму кога сакала да ја сними повторно, слушнала како нејзин колега ја изведува во машки род.

Кога во една емисија ја прашале дали му се лути, таа одговорила:
-Не се налутив, туку ми беше чудно. Сепак, му честитам на Кеба што маркетиншки одработи совршено, песната помина така како што помина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top