| четврток, 6 декември 2018 |

Димитровски: Со конкретни проекти ќе го подобриме животот на граѓаните на Кочани (Видео)

Во Општина Кочани живеат граѓани кои заслужуваат да продолжат да живеат во општина во која има економски развој, станува убава и модерна и се стреми да ги задоволи апетитите на секој жител, без разлика дали е од урбаниот или руралниот дел, истакна кандидатот за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ратко Димитровски.

– Граѓаните на Кочани заслужуваат, искреност од кандидатите за Градоначалници. Ние како ВМРО–ДПМНЕ, имаме конкретни планови и проекти кои директно влијаат на подобрување на животот на граѓаните на општината. А, со нашето искуство имаме точен увид од потребите на граѓаните во општината, што за таа сметка имаме изработени проекти со точни и прецизни податоци кои ќе ветиме затоа што и ќе го оствариме ветувањето. Јас како Градоначалник заедно со Советот на Општина Коачни, во изминатиот мандат покажавме дека Кочани може да биде подобро место за живеење, дека Кочани заслужува да добие шанса за да ги подобри условите за живеење на кочанчани, ветувањата од претходните Програми можете да ги проверите во Отчетите кои Ви ги даваме, се со цел да не проверите и да се убедите дека Ние сме луѓе – Ваши сограѓани кои се држиме до дадениот збор, вели Димитровски.

 Тој додава дека дојде време кога пак се гледаме во очи и треба пак да го дадеме нашето ветување, а вие да ни ја дадете Вашата поддршка за да ја исполниме нашата нова програма за следниот мандат од 4 години,  која и овој пат е амбициозна, но за нас е остварлива.

-Ќе Ви претставам еден мал дел од позначајните планирани проекти од мојата програма за Кочани: Изградба на пречистителна станица за отпадните води во општина Кочани. Започната реализација на проектот за изградба на пречистителна станица и изградба на колекторски систем за отпадни води со што ќе се реши проблемот со отпадните води во општина Кочани, проектот е во висина од 21 милион швајцарски франци. Изградба на брана „Речани“ на Оризарска река. Активностите продолжуваат околу изградбата на браната „Речани“ на Оризарска река, капитален проект кој е важен за источниот регион и кој е со вредност од 38 милиони евра, досега се завршени сите истражувања и подготвена е целокупната документација, пробиен и асфалтиран пристапен пат до самата брана, а последно е што се избра и изведувачот на самата брана. Изградба на експресен пат Штип – Кочани, се предвидува изградба на нов експресен пат Штип – Кочани, бидејќи моменталните сообраќајни и технички решенија на постојниот пат не ги задоволуваат потребите на возачите и безбедноста на сообраќајот. Со изградбата на експресниот пат Кочани ќе добие едно современо инфраструктурно поврзување што ќе се олесни сообраќајната комуникација.

Тој додава и дека ќе се реновира градскиот стадион „Никола Мантов“, реконструкција на трибините преку поставување столчиња, како и реконструкција и реновирање на соблекувалните и тревната површина со систем наводнување.

– Започната е целосна реконструкција на општинската зграда со замена на кровната конструкција и добивање на одреден простор кој ќе е наменет за Советот на општина Кочани и разни други состаноци, поставување на термо фасада и замена на електричната инсталација со што би се добило енергетско ефикасна градба, а со тоа би се подобриле и условите за работа на администрацијата. Проектот е со вредност од 10.000.000 денари. Изградба на катна гаража. Во централното градското подрачје кај поштенската зграда ќе се изгради катна гаража во која би се паркирале одреден број на возила. Со тоа би се намалил метежот од сообраќај во центарот на градот. Продолжуваме со асфалтирање на голем број на нови улици во градот Кочани и населените места и реконструкција на постојаната инфраструктура на територија на Општина Кочани. Асфалтирањето на улиците ќе го продолжиме во интензивен континуитет и за мандатниот период е планирано асфалтирањето во град Кочани да е повеќе од 10 км, додека во населените места повеќе од 15км. Програмата што ја нудиме е реална, остварлива која бара напорна работа и голема посветеност. Нудиме просперитет, сигурност и можност за Општина Кочани да продолжи по патот на развојот. И знајте со Нас сте на чисто, секогаш имате можност да не проверите, затоа што она што го ветуваме и го реализираме. Секогаш работа – секогаш Македонија, кон нови предизвици на 15-ти октомври излезете масовно гласајте за реден број 13 за да ја отпочнеме новата ера на Кочани, потенцираше Димитровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top