Воениот ветеран кој служел за армијата на САД во Ирак, 29-годишниот Тејлор Винстон, за време на вчерашниот напад во Лас Вегас украл товарно возило – пик-ап и со него превезувал ранети во болница.
Тој бил на концертот каде вчера напаѓачот Стивен Падок пукаше во посетителите, а според последните податоци уби најмалку 59 луѓе, а повреди над 500.
Поранешниот маринец Винствон, најпрво помислил дека звуците се од огномет, но кога почнале луѓе да паѓаат на земјата, сфатил дека станува збор за нешто многу пострашно. Тој наместо да бега, украл едно пик-ап комбе во кое немало возач и почнал да собира ранети и да ги одвезува во болница.
– Јас и мојот пријател најдовме едно возило во кое имаше клучеви. Почнавме да ги возиме жртвите, свртевме неколкупати и се обидовме да им помогнеме на луѓето најмногу што можеме, додека не стигна брзата помош, вели Винстон.
Тој додал дека превезле најмалку 24 лица, а по доаѓањето на службите за спасување, организирале пружање помош на настраданите.
– Се плашам дека некои умреа… Не можам да бидам сигурен, но мислам дека некои не се извлекоа, но се надевам на најдоброто. Лут сум што се случи ова, додава Винстон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хабиб: Ја навредуваа мојата вера, земја, семејство – благодарност на Господ останувам непоразен шампион!
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)