(ФБ статус на новинарката Јорданка Ивановска- Јоци)
На полноќ завршуваат кампањите. Шуќур.
Последни прогнози за исходот во недела.
Моите анализи ги темелам на сопствени 20 годишни анализи на изборните процеси во земјата како политиколог, своевремно и вклучена во младински партиски активности во СДСМ , искуство од 17 годишна поранешна новинарска кариера и психологијата на масите и работа на терен.
Бев поканета и на некои национални телевизии сево ова да го образложувам во недела, но моето време е скапо и одбив.
Оние кои ме следат подолго време, знаат дека прогнозирам наназад неколку изборни циклуси.
На последните парламентарни избори предвидов победа на ВМРО и така и се случи, со два разлика. Формирањето на Влада е друга прикаска.
Одиме.
Со голема разлика СДСМ ќе ја добие Општина Центар и новиот градоначалник ќе биде Саша Богдановиќ. СДСМ во Центар ја има својата најсилна партиска инфраструктура на терен. Со голема мака ја врати општината по 12 години вмровско владеење и успеа да ги стабилизира теренците задолжени за агитирање (два мандати Аларова и еден Тодоровиќ).
Но, партиската инфраструктура на СДСМ не е добра на терен во останатите скопски општини. Наназад 15 години. Повеќе се смета на гласање “против”, одошто вистинско структуирање на стабилна и “бетонска” партиска мрежа која ќе испорача сигурни гласови.
Проблемот на СДСМ е што нема стабилно гласачко тело во Скопје. И тоа го покажува досегашната изборна практика, наспроти ВМРО кој има стабилно гласачко тело, кое, до смрт гласа за нив.
Град Скопје, според сите математики од гласовите од мнозинството од претежно десничарските општини Г.Баба, Бутел, Аеродром, К.Вода, Ѓорче, повторно ќе го добие ВМРО-ДПМНЕ. На минатите избори разликата меѓу Јани и Коце беше 56.000.
Тука не станува збор за желби, напротив за нешто кое е факт наназад 20 години.
Очекувам гласовите за ДУИ од Сарај, Чаир и Г.Баба, околу 25.000, да отидат на контото на Шилегов, но не и од БЕСА (која е силна по гласови и се издига над ДУИ). Со што тој нема да ја добие предноста.
Традиционално сдсмовската општина Карпош во моментов е најинтересната за опсервација на овие локални избори, меѓу Јакимовски и Богоев.
На парламентарни избори разликата СДСМ-ВМРО беше 7.000. Сепак, ова се локални избори и не можам докрај да предвидам што ќе се случи. Јакимовски е многу силен на терен за локални, барем досега, а Богоев единствено може да смета на гласови “против” од голем број незадоволни граѓани за победа.
Во Аеродром на парламентарните избори, кога ентузијазмот беше огромен за пад на Груевски, разлика СДСМ-ВМРО, беше околу 1.000 гласа. Очекувам победа на ВМРО и Коневски.
ВМРО очекувам да победи и во Г.Баба, Бутел и К.Вода, каде има дводецениска силна партиска мрежа и мнозинство десничарски ориентирани граѓани.
БЕСА очекувам да ја добие Чаир.
Во Ѓорче Петров борбата меѓу СДСМ И ВМРО е изедначена. Традиционално. Сегашниот кандидат на СДСМ веќе изгуби на минатите избори. Можен е втор круг.
Гласајте онака како што сметате.
Изборните резултати допрва ќе ги анализираме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.