| четврток, 6 декември 2018 |

Генерален штрајк во Каталонија против полициското насилство

Генерален штрајк, организиран од каталонските синдикати во знак на протест поради активностите на полицијата за време на референдумот за независност на областа, започна денеска во Каталонија. Се очекува штрајкот да ги засегне речиси сите економски сектори, а како најзабележлив ќе биде протестот во транспортот.

Метрото на Барселона нема да работи во од 09:30 до 18:00 часот по локално време, се очекуваат нарушувања во возниот ред на јавниот превоз, нема да има многу таксисти, откажани се над 150 возови на меѓународни линии, а аеродромите најавија 24 часовна работа со минимум капацитет.

Во штрајк ќе бидат и неколку културни институции, јавни универзитети и Музејот на современа уметност, како и две концертни сали.

Владините институции на Каталонија, исто така, го поддржаа штрајкот, но информираа дека ќе ги извршуваат само услугите кои се од витално значење за граѓаните. Ова ќе влијае и на администрацијата и на болниците, каде што медицинскиот персонал ќе биде вклучен во протестните акции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top