За да се овековечи убавината на Охрид и регионот, во рамките на Проектот на УНЕСКО и ЕУ за интегрална заштита на Охридскиот регион неодамна беше отворен вториот по ред конкурс за најдобри фотографии кој траеше до 25 септември.
До организаторот испратени се стотици фотографии од кои 50 ќе бидат избрани за албумот „Охридско Езеро на ЕУ и УНЕСКО“.
Фотографијата која ја објавивме е колаж од некои од пристигнатите фотографии. Најдобрите наскоро ќе се најдат и во нашата рубрика „Фото на неделата“.
извор: Публицитет.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.