Аднан Мемет од изборниот штаб на акриелниот градоначалник на Шуто оризари и кандидат за уште еден четирогодишен мандат Елвис Бајрам, сведпчи за инцидентот што се случи денеска околу 17.50 часот на улицата „Гвадалахара“ во населбата, а во кој беа претепани тој и градоначалникот Бајрам.
– При посета на граѓани заедно со кандидатот за градоначалник Елвис Бајрам и кандидатите за советници се движевме по улиците во населбата, но на едно место, пред штабот на противкандидатот Курто Дудуш, имаше лица спремни со секири и шипки и не нападнаа физички со боксови. Им објаснивме дека сме дојдени за нешто друго, дека посетата на граѓаните е на нивна иницијатива, но тие вербално не нападнаа, а потоа и физички, вели Мемет, кој заедно со Бајрам беше пренесен во градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Мемет е повреден, а од крвничкото тепање Елвис Бајрам паднал во безсознание.
Насилниците побегнале, а екипа на Брзата помош констатирала тешки повреди кај Бајрам од шипки и секира.
Во моментот, вели Мемет, Бајрам е под засилен лекарски надзор, има повишен притисок, и постои опасност од потрес на мозокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)