| четврток, 6 декември 2018 |

Воздржете се министре, не е пригодно: Амбасадорот спречи дипломатски скандал на Борис Џонсон (Видео)

Британскиот амбасадор во Мјанмар Ендру Патрик го спречил својот шеф на дипломатијата Борис Џонсон да направи дипломатски скандал за време на официјалната посета на Мјанмар.

Контроверзниот министер и поранешен градоначалник на Лондон се обидел да ја рецитира колонијалната песна „Менделеј“ од Радјард Киплинг за време на посетата на еден од најпознатите будистички храмови во Мјанмар.

Џонсон е снимен како почнува да ја рецитира песната „Менделеј“ по ударот во ѕвоното во пагодата Шведагон во Јангон.  „Ѕвоната на храмот велат, врати се, британски војнику“, рецитирал Џонсон.  Џонсон продолжил со рециталот кој ја слави љубовната врска меѓу војник и локална жена во текот на британската колонијална власт на тогашна Бурма (името своевремено го промени воената хунта), но амбасадорот изреагирал навреме.

„Воздржете се со својот микрофон, можеби и не е најдобра идеја да продолжите со тоа. Не е пригодно“, се слуша како му дошенува Патрик. Џонсон одговара дека педната е „добра“ и ја фотографираше внатрешноста на храмот со мобилен телефон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top