| четврток, 6 декември 2018 |

ТВ Алфа: Кандидатот за градоначалник за Велес од СДСМ Аце Коцевски преку ноќ станал милионер

Свиркачи објавија нов скандал на интернет, кандидатот за градоначалник на Велес Аце Коцевски преку ноќ станал милионер, а пред граѓаните се обидува да се претстави како скромен кандидат за градски татко, објави телевизија Алфа.

Аце Коцевски е милионер, а не скромен човек како што се претставува пред велешани, а градоначалничката функција му треба за да ја прошири својата градежна империја во Велес, ова е вистината, вака почнува текстот што осамна вчера на веб порталот, „џастпејстет“ потпишан како што е наведено од разочарани членови на велешката општинска организација на СДСМ кои сакаат повикувајќи се на правото што произлегува од таканаречените свиркачи да ја обелоденат вистината за богатството на Коцевски.

Со слики, мапи и катастерски изводи свиркачите се обидуваат да докажат дека е невозможно човек кој заминал од градоначалничката функција во 2009 година со само две семејни куќи пријавен имот во Мартовци и Велес да купи имот од 100 илјади евра во единствената велешка индустриска зона во тоа време Узус југо тутун, а во тоа време во 2015 да почне да гради објект во вредност меѓу 500 и 800 илјади евра.

Во продолжение на текстот со документи од катастар е објаснета хронологијата на развој на настаните и според нив осум месеци по престанокот на неговиот мандат во јануари 2010 година Коцевски ја основал својата фирма „Афио“ ДООЕЛ, а само по една година купува градежно земјиште од безмалку 5 илјади метри квадратни, а тогашната вредност според документите била 100 илјади евра заради неговата атрактивност во тоа време.

За нив е нејасно како со плата од 850 евра месечно успеал да заштеди за да го купи земјиштето, а според нивните податоци во 2010 земјиштето е ставено под хипотека за кредит од 30 илјади евра, а во 20015 кога всушност започнува со градење на индустриско деловен објект на 2000 метри квадратни е ставено под хипотека за кредит од 100 илјади евра.

На веб страната на фирмата „Афион“ стои ексциплитно се што таа нуди, но никаде не е наведена сопственичката структура, единствено Коцевски може да се види на една од сликите во галеријата.

На крајот од текстот свиркачите се закануваат дека ова е само почеток на објавување за вистината на милионерот Коцевски кои како што пишуваат време е велешани да дознаат како се стекнал со толку голем имот за толку кратко време по завршувањето на мандатот како градоначалник.

Инаку ова е втор случај кога заради незадоволство од кадровските решенија на новата Влада свиркачи објавуваат документи на интернет, првиот пат тоа беа документи за вицепремиерот Ангушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top