Во Македонија се случува грубо нарушување на изборниот процес со што се придонесува кон не фер изборен процес. Свесни дека ќе бидат поразени имаме серија прекршувања и злоупотреби на изборниот законик од страна на СДС, истакна Александар Тргачевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
–Претседатели на неколку општински изборни комисии се во првите редови на партиските митинзи на СДС низ државата. Значи оние кои се задолжени да ги водат изборите, Државната изборна комисија впрочем се партиски војници на СДС, што е во спротивност на законот. Државната изборна комисија се прави нема на ваквите случаи обвинителството молчи. Пред само недела, претседателот на ОИК од Кратово беше во првите редови на конвенцијата за промоција на кандидатот за градоначалник на СДС од Кратово. ДИК не превзема ништо да ја санкционира ваквата активност, потенцираше Тргачевски.
Тој додаде дека недела дена подоцна претседателот на ОИК од Кисела Вода, Томо Мојсовски, на слики објавени во медиумите го гледаме како врши теренски активности за СДС во Кавадарци.
Претседателите на ОИК се бираат од редот на службеници на државната администрација, под претпоставка дека ќе бидат независни и непристрасни во своите активности за време на изборниот процес. Оттука и сомневањето за начинот на распределбата но и водењето на целокупниот процес. Тука имаме јасни докази, дека се крши законот и се прави партиско агитирање од страна на членови на општинските изборни комисии во полза на сдс. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува ДИК, веднаш, да ги санкционира сите овие случаи и да обезбеди барем минимум услови за нормален изборен процес. Имаме безаконие пред нашите очи. Претпладне организираат избори, попладне партиски агитираат за СДС. Ова е драконско мешање на партијата и државата и поништување на законите. Заев, Спасовски и Шекеринска имаат полна уста со заложби за фер избори, а на терен партијата ја окупира државата. Бараме реакција. Законите мора да почнат да важат во државата и да се применуваат дословно за сите, истакна Тргачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.