Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека ставот на Европската комисија оти референдумот за независност на Каталонија е нелегален, е најдобар пример за двојните аршини и лицемерито на светската политика.
– И што кога сега јас ќе одам во Брисел? Кое прашање да го поставам? Како да им кажам-А зошто ние Србите бевме најлошо третирани? Како тоа во Каталонија не важи референдумот, а Косово може и без референдум?- праша Вучиќ на заедничката прес-конференција со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Вучиќ додаде дека и покрај се, Србија ја гледа во ЕУ и поради типот на општеството на кое сака да припаѓа и поради подобрата економија.
– Си играа со судбините на државите кога ги прекројуваа границите на Балканот, а денес не им е до игра, кога мечката тропна на нивна врата. Сега ситуацијата е многу сериозна- истакна Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста