| четврток, 6 декември 2018 |

Каталонската Влада ќе расправа за следните чекори по референдумот за независност

Каталонската Валда денска ќе одржи  седница зад затворени врати, на која ќе се расправа за следните чекори околу прогласувањето независност од Шпанија, по референдумот одржан вчера.

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон ќе претседава со седницата и според локалните медиуми, тој ќе побара мислење за барањето парламентот следната недела да гласа за декларација за независност.

Во меѓувреме, шпанскиот премиер Маријано Рахој ќе одржи состанок со лидерите на политичките партии пред да побара парламентарна седница, на која ќе се расправа за начините за спротиставување на кризата, каква државата немала со децении.

Владата на Каталонија објави ноќеска дека 90 отсто од гласовите на вчерашниот референдум за независност се – за независност.

Портпаролот на Владата, Жорди Турул изјави дека во референдумот учествувале 2,26 милиони луѓе и 2,02 милииона гласале за независност. На референдумското изјаснување учествувале околу 42,3 отсто од вкупно 5,43 милиони избирачи во Каталонија.

На Твитер профилот на Владата на Каталонија е објавено дека од 2.262,424 ливчиња, кои не биле запленети од шпанската Влада, вкупно 2.020,144 биле за независност, со 176.566 гласови „против“, 45.586 празни и 20.129 неважечки ливчиња.

– Тоа е победата за демократијата и луѓето кои ја заштитија на мирен начин, истакна Турул.

Со Законот се предвидува каталонскиот Парламент да може да прогласи еднострана независност, доколку на референдумот мнозинството од гласачите се изјаснат за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top