| четврток, 6 декември 2018 |

Хаотични сцени од Лас Вегас: Стотина куршуми испукани во толпата за неполна минута (Видео)

Во вооружениот напад кој денеска се случи во Лас Вегас, последните информации од официјалните лица велат дека две лица се убиени, 12 се во критична состојба, а 24 се повредени. Други медиуми наведуваат пак дека најмалку 70 лица биле повредени.

Портпаролот на полицијата соопштил дека има повеќе жртви, но дека уште не може да се зборува за точен број. Полицијата исто така објави дека еден од осомничените напаѓачи е убиен.

Американските медиуми јавуваат дека се уште има стотина полициски возила распоредени низ целиот град, еден дел од градот каде што се наѓа хотелот Мандалај Беј каде се случи нападот е затворен, а затворени се и аеродромот во градот и де лод автопатот „Интерстејт 15“.

Посетителите на фестивалот рекле дека слушнале некој звук како петарда и дека биле испукани стотина куршуми од автоматско оружје за многу кратко време, помалку од една минута. Потоа настанал општ хаос кога луѓето почнале да бегаат, обидувајќи се да спасат жива глава.

Градското собрание на Лас Вегас го опишало немилиот настан како „многу тажна ноќ за Вегас“ и порачале во јавноста градот да се избегнува по секоја цена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top