| четврток, 6 декември 2018 |

Во живо: Референдум во Каталонија – Крв и насилство на улиците

Денеска очите на цел свет се вперени во Шпанија, бидејќи во нејзината покраина Каталонија се одржува референдум за независност, со бројни инциденти и судири на граѓаните и полицијата.


Од една страна државата се обидува да го спречи референдумот, додека од друга Каталонците не се откажуваат од закажаниот референдум.

На избирачкото место во колеџот Џауме Балмес во Барселона во судир со полицијата се повредени неколку лица, пишува Ел Паис.

Полицијата ширум Каталонија насилно упаднувала на избирачки места и запленила гласачки ливчиња и кутии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top