Тројца насилници по грешка киднапирале 24-годишен скопјанец мислејќи дека им украл мотоцикл, а потоа го однеле на гробиштата во Бутел каде што му се заканувале дека таму ќе заврши ако не го врати мотоциклот.
Полицијата ги открила насилниците.
МВР јави дека вчера А.Е. (24) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот на улица „Виетнамска“ бил физички нападнат од страна на три непознати лица.
Тројцата откако го совладале насилно го внеле во автомобил „голф 1“ сива боја со непознати регистарски ознаки, по што го однеле кај гробиштата во Бутел, каде што повторно почнале физички да го малтретираат и да му се закануваат по животот. Сторителите му го одземале мобилниот телефон за да не може да контактира со никого. Причината за противправното лишување од слобода била тоа што непознати лица мислеле дека А.Е. е сторител на кражба на моторцикл. По преземени оперативни мерки и активности сторителите се откриени, станува збор за В.Ш.(38), Д.Ш.(25) и Д.Ш.(34), сите од Скопје. По целосно расчистување на случајот, против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ
-
Го киднапирале од улица „Јуриј Гагарин“ и го чувале во стан поради наводен долг
-
Киднапирање во тетовско: Му го грабнале зетот, па му барале откуп за да го ослободат
-
Киднапирање во село Љубош: Со вреќа на главата го фрлиле во комбе, па се разбудил во Батинци



