Пред 10 години во Тетово бројот на вработени лица беше 12 и пол илјади луѓе, на крајот на 2016 тој е 19.800 што значи дека досега е над 20.000. од 12 на 20 илјади вработени во општина Тетово. Тоа е владеење на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и затоа ние можеме да ветиме 150.000 нови работни места и народот да знае и да верува оти тоа ќе се случи.
Ова на денешниот митинг во Тетово го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Во Тетово реконструиравме преку 40 километри од регионалните патни правци во вредност од преку 290 милиони денари. Тоа е патот Тетово – Јажинце, патот Мала Речица – Боговиње, патот Тетово – Брвеница, патот Тетово – Фалиш, Тетово – Требож, Тетово – Бродец, потсети Грувски.
Рече дека поради поголема безбедност направено е и осветлување на патот А2, кај влезот на клучката Тетово југ и клучки од автопатот Тетово – Гостивар.
-Изградени се два нови објекти за амбуланти во населените мести Желино и Вејце. Изграден е комплетно нов објект на дијагностичко-ургентниот центар во Клиничката болница во Тетово во вредност од преку 5 милиони евра. Инсталирани се и пуштени во употреба нова медицинска опрема, и тоа ангеограф, за коренографија и стентирање при срцеви удари, компјутеризирана томографија или томограф, магнентна резонанца, остеодензиотометар, кардиолошки ехоапарати, гинеколошки 4д ехо апарати, инкубатори и многу друга најсовремена медицинска опрема во вредност од над 6 милиони евра опрема за тетовската Клиничка болница, појасни Груевски.
Посочи дека за Тетово биле обезбедени три нови возила за потребите на Итната помош.
-Во болницата во Тетово извршена е реконструкција на санитарните јазли, замена на подови и дел од фасадната столарија. Инсталација на медицински гасови и обработка на фасада на објектите во состав на болницата, рече Груевски.
Истакна дека се извршила реконструкција и санација на повеќе основни и средни училишта, меѓу кои „Гоце Делчев“, „Свети Кирил и Методиј“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Моша Пијаде“, „8 Септември“ и повеќе други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?