11 новороденчиња починаа за помалку од 40 дена. Ова е црната статистика која го одбележува владеењето на СДСМ и министерот за здравство Таравари.
Неизнесувањето став за „црната ноќ“ кога починаа четири бебиња, од страна на Павле Богоевски, Влатко Васиљ, Ивана Туфекџич, Замир Мехмети и останатите активисти и гласноговорници на „шарената револуција“, говори за двојни стандарди и механизми кои служеле само за доаѓање на власт и немање морален кодекс. Бруталната кампања која ја водеше тогаш опозициската СДСМ а потпомогната од членови на шарената револуција против екс министерот за здравство – Никола Тодоров, доведе до атентат на Тодоров кој за малку ќе го загубеше животот – пишува порталот Денешен.
Според Денешен, Македонското здравството „на колена“ пред потребите на македонските граѓани. Комисијата за стручен надзор, формирана од страна на министерството за здравство, констатираше дека последниот случај со четирите новороденчиња кои за една вечер починале на Клиниката за гинекологија се резултат на ризична бременост и предвремено породување.
Пренатрупаноста на одделот за интензивна нега, недостиг на персонал и несоодветни хигиенски услови се едни од главните причини за зголемување на морталитетот кај новороденчињата. Докторите бараат нова опрема и вработување на стручен кадар. Д ежурната лекарка која требало да се грижи за нив а си заминала од работа среде смена, веднаш е суспендирана. Бебињата починаа ноќта меѓу четвртокот и петокот минатата седмица на клиниката за гинекологија во Скопје. Во моментов се собираат извештаи од докторите и медицинските сестри кои биле на работа таа ноќ а на терен е и државната инспекција која испитува дали има пропусти во хигиенско санитарните услови. – анализира порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.