
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром, Ивица Коневски, денес оствари средба со жителите на населбата Јане Сандански. Тие искажаа огромна поддршка за проектите од неговата нова програма.

„Денеска остварив средба со жителите од населбата Јане Сандански, со кои разговаравме за досега реализираните проекти, но и за оние кои се планирани во мојата програма.
На средбата го промовиравме проектот за изградба на затворен пливачки базен покрај кејот на реката Вардар, што е дел од проектите од нашата предизборна програма.
Станува збор за изградба на првиот затворен пливачки базен во Аеродром со олимписки димензии за ватерполо.
Ваквиот базен е од исклучителна важност за нашата општина, бидејќи не само што Аеродром ќе добие ново место за спортски настани и ќе го потврди уште еднаш епитетот „најспортска општина“, туку и дечињата ќе добијат можност за вежбање водени спортови во професионални услови.
Доколку ја добиеме довербата од граѓаните на претстојните локални избори, во оваа населба, исто така, ќе реализираме и низа комунални проекти што ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните, меѓу кои поправка на плочниците меѓу зградите и оштетените патеки. Со оглед на фактот што овој дел од општината изобилува со зеленило, ќе изградиме систем за наводнување со што ќе се олесни неговото одржување“, напиша Коневски на својот Фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


