Ние кои што се грижевме за отворање нови работни места, за укинување на визниот режим за младите отворивме многу работни места, многу млади се вработија, ги укинуваме визите за патување во Европа за скеој млад човек и секој граѓанин на Македонија да може слободно, преку нискотарифните летови и преку безвизниот режим отпатува каде сака. Ние имаме кредибилитет да ветиме и да реализираме дека невработеноста кај младите ќе се преполови до крајот на следната декада. Тоа е нашата заложба, тоа е нашето ветување за младите.
Ова денеска од митингот во Гостивар го порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Ние како народна и конзервативна партија, како граѓанска десница, како партија заедно во коалиција со голем број, над 20 други партии, во кои што има претставници од сите етнички заедници и од сите вери. Ние градевме држава која ќе има шанса за секој граѓанин, независно од неговата етничка, верска или пак политичка ориентација. Ние и ќе продолжиме тоа да го правиме. Да ја зацврстуваме државата, нејзината сувереност и нејзината иднина. А тоа ќе го правиме и преку стратегијата за образование, преку стратегијата за образование преку која што се планираат реформи во средното и основното образование со цел зголемување на квалитетот, истакна Груевски.
Појасни дека во фокусот е квалитетот на знање и креативните способности на младите луѓе, со цел да се дојде во ситуација Република Македонија да влезе во првата половина на листата на Пиза во делот на образованието.
-Исто така, најмалку еден универзитет во Македонија да влезе во првите 200 по квалитет Универзитети во светот, рангирани според Шангајската листа – најреферентната листа за рангирање на универзитети во светот. Во новата декада, во новата ера, со новото утро се обрвзуваме и објаснуваме дека Македонија ќе продолжи да развива силно здравство насочено кон пациентот. Силно здравство како што тоа го правевме, со набавка на огромен број апарати и опрема за здравството, рече Груевски.
Ги праша гостиварчани дали во овие четири години откако Владата на СДСМ е на власт бил набавен бареме ден нов апарат за болницата во Гостивар.
-Тие апарати, драги пријатели, се наменети за сите граѓани, и за Македонците и за Албанците и за Турците и за Ромите и за Власите, Бошњаците, Србите. Ние никого не делевме и никого не делиме. Ние се грижевме и ќе се грижиме за сите. Тие што работат, работат за сите. Тие што не работат, не работат за сите. Нема нови апарати ни за Македонците, нема нови апарати ни за Албанците, ни за Турците, ни за Ромите, ни за никој. Тој што го бива, го бива да помогне на сите. Тој кој не го бива, никој да не очекува ни помош, ни аир, ни нешто да заврши, ни за него, ни за неговата општина, ни за неговиот град, ни за неговиот етникум, ни за неговата верска заедница, ни за неговата држава, Република Македонија, посочи Груевски.
Потенцира дека оваа нова власт, едноставно не ја бива. Рече дека тоа е причината за доаѓањето на помрачувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.