| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина не ги сака неговите другари на свадба, Бред врие во себе

Анџелина Џоли му забранила на Бред Пит да ги покани тројцата блиски пријатели – Квентин Тарантино, Џона Хил и Филип Сејмур Хофман – на нивната свадба, јавува „МКД“.

„Енџи сака нивната свадба да биде совршена, а тоа важи и за листата на гости, исто како и за сѐ друго“, открил еден нивен пријател.

„Таа го почитува правото на Бред да биде пријател со кого сака, но нема шанси да дозволи овие момци да присуствуваат на нивната свадба. Нејзиниот официјален изговор е дека ќе биде интимна прослава само со најблиските пријатели и роднини. Но, суровата вистина е дека таа смета дека овие тројца лошо влијаат врз Бред.

„Енџи не сака да ги гледа овие тројца во своја близина. На Бред му е тешко да го прифати тоа бидејќи тие се луѓе што многу му значат и сака да бидат дел од нивниот посебен ден“.

Бред вриел во себе, но ѝ дозволил на Анџелина да ги донесе одлуките бидејќи сега не сака да ѝ предизвикува стрес.

„Пред неколку години ова ќе беше причина за жестока кавга“, додал пријателот. „Но, Бред не сака да ја нервира поради сѐ низ што таа мина неодамна. Тој ја обожава и сака денот да биде совршен за неа и за децата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top