| четврток, 6 декември 2018 |

Чадиев: Со предлозите од младите го градиме Велес како посакувано место за живеење

Младите се значаен сегмент од секое општество, а секако и на градот Велес, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев.

-Токму затоа Советот на општина Велес оформи тело, совет на млади кој ги опфаќа младите од сите возрасти, сите националности во нашиот град. Советот на млади преку креативноста на младите луѓе кои членуваат во него и преку програмите што ги изведува во минатиов период и ќе ги изведува во наредниот период согласно програмата која е донесена, ги исполнува целите, се приближува до младите, ја презентира програмата. Основното е дека Велес преку нивните предлози и нивните сугестии го градиме како место за живеење на младите сега и во иднина. Сите економски зони што ги промовираме, спортот, едукацијата, образованието, невладиниот сектор кој го поддршува општина Велес сето тоа се одвива преку младата генерација во нашиот град, рече Чадиев.

Тој вели дека општина Велес ќе продолжи да ја користи креативноста на младите луѓе.

-Во наредниот период, во новата програма, на посебно место е активноста на Советот на млади, посочи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top