Намалувањето на невработеноста и изградба на нови фабрики во Велес се прв приоритет во следните четири години како градоначалник. Ова денеска го најави Славчо Чадиев, кандидат за градоначалник на Велес од ВМРО ДПМНЕ
– Мојот прв приоритет како градоначалник во наредниот период е изградба на нови фабрики и отворање на нови работни места во Велес. За таа цел во новата Програма предвидуваме инвестиции од преку 100 милиони денари, односно над 1 милион и 600 илјади евра, наменети за инфраструктурно уредување на индустриските зони. Посебен акцент ставаме на индустриските зони Мамутчево, Речани 2, Елегант, УЗУС и УЗУС 2. Тие ќе добијат нови пристапни патишта, водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација и улично осветлување – изјави Славчо Чадиев.
Според него, по примерот со успешната приказна во индустриската зона Караслари во која се еден странски инвеститор отвори фабрика и се вработија преку 500 велешани, во новиот мандат ќе се продолжи со вложувањата во индустриските зони, сѐ со цел да се привлече уште повеќе нови инвеститори во Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Чадиев вети монтажен паркинг до автобуска станица Велес
-
Чадиев: Граѓаните побараа и ќе добијат два паркови за домашни миленичиња
-
Чадиев: Со предлозите од младите го градиме Велес како посакувано место за живеење
-
Чадиев: Ќе се изгради пречистителна станица со која се одвојува атмосферската од фекалната канализација