Одлика на урбаното живеење во модерните урбани средини е да се води грижа за потребите на граѓаните, семејствата, но и за нивните домашни миленичиња. Воочивме желба кај граѓаните, но и реална потреба од место каде што секој поединец ќе може да ужива во миговите поминати со своето домашно милениче, без притоа да одзема простор на останатите сограѓани, истакна денес кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Велес, Славчо Чадиев.
-Одлучивме во наредниот 4 годишен мандат да изградиме два паркови за домашни миленичиња. Првиот на локација во близина на општинската зграда, вториот во склоп на градскиот парк. Парковите ќе претставуваат посебен ограден простор. Ќе бидат опремени со содржини за забава на домашните миленичиња, чешми и мини базени, соодветни садови како канти за собирање на отпад и измет, клупи за одмор на сопствениците. При реализацијата на овој проект ќе се консултираме и со невладините организации , здруженијата за заштита на животни и со граѓаните. За разлика од останатите, кои даваат само декларативна поддршка, во програмата „Нова ера за Велес“ предвидуваме Буџет од 6 милиони денари за овозможување на услови за привремено згрижување за бездомните животни. Ќе изградиме објект каде тие ќе добијат хуман третман. Сето ова ќе се реализра заеднички со невладиниот сектор, истакна Чадиев.
Здруженијата за заштита на животните, рече Чадиев, ќе бидат активно вклучени бидејки нивното знаење и искуства ќе бидат добредојдени.
-Тоа е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Тие само ветуваат, ние имаме проекти кои ги реализираме. Затоа на 15 Октомври граѓаните ќе го заокружат бројот 13, за да продолжи работата за Велес, порача кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.