Баражот за влез во Првата македонска фудбалска лига, меѓу Дрита и Еуромилк, не го дочека крајот, откако фудбалерите на Дрита го напуштија теренот во Штип, незадоволни од одлуката на кумановскиот судија да досуди пенал за Еуромилк во 70. минута од натпреварот. Во тој момент резултатот беше 3-2 за Еуромилк, а голманот на Дрита, Мустафа доби црвен картон по прекршокот за пенал над Бујчевски.
Дали е пенал или не проценете сами од видеоснимката, а за односот на фудбалерите и раководството на Дрита, па тоа е веќе видено и репризирано сценарио на нашите терени. И тоа не само од Дрита, туку од многу екипи. Влечи, тепај, бегај од терен. Нема жалби, молби и барање на решение според законските и фудбалските прописи. Ако згрешил судијата, има казни, дисциплински постапки, па дури во случај и на материјална повреда на правилата, преигрување натпревар. Но, кај нас се суди веднаш и тоа на терен, со кавга, инциденти, тепање. Македонски фудбал, за резил и срам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


