| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на Заев сакаше да сокрие четири смртни случаи на бебиња

Трагедиите во здравството откако Зоран Заев стана премиер, а Арбен Таравари министер, се поголеми и почести.

Смртните случаи ја потресуваат јавноста и се бара одговорност, па токму затоа владата на Заев се обидува да ги сокрие трагедиите и докторските грешки.

Четири новороденчиња починале во еден ден на скопска гинекологија. Сите биле предвремено родени и сместени во инкубатори на одделот за интензивна нега.

Скандалозно во овој случај е што дежурниот педијатар не бил на работното место. Докторката ја напуштила клиниката само еден час откако дошла на смена. Медицинските сестри ја повикале кога се влошила состојбата на едно од бебињата. Од Клиниката го потврдуваат случајот и информираат дека уште наредниот ден ја суспендирале од работа.

-За овој случај се води дисциплинска постапка. Извршен е и надзор од министерството за здравство. Интензивна нега со над 50 деца не смее да остане без лекар, велат од Клиниката за гинекологија и акушерство.

Според информации на Сител целиот случај го испитувал и заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски. Била формирана и комисија.

После неколкуте смртни случаи на новороденчиња кон крајот на август и последните четири починати бебиња во еден ден се поставува прашањето- Што ќе превземат надлежните здравствени власти за да се намали смртноста на предвремено родените деца?

За оваа трагедија, како и за големиот број на смртни случаи од минативе месеци, Заев и Таравари не ја информираат јавноста. Дури откако медиумите ќе објават, а граѓаните ќе го покажат својот револт, институциите излегуваат со куси информации за ваквите случаеви. Владата сака да сокрие дека поради негрижа на кадрите кои тие ги поставија умираат бебиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top