Низа крупни проекти со кои Кавадарци ќе стане уште поубаво место за живеење, најавува во својата програма кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев.
На митингот кој ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата го одржаа во Кавадарци, граѓаните дадоа масовна поддршка за Јанчев. Од него ги слушнаа ветувањата, плановите и проектите.
Tој кажа дека одлуката за кандидатурата била лично негова, со огромна поддршка од неговите најблиски, напомена дека ниту некој нешто го присилил, ниту има нешто некому да врати.
-Се извинувам, од 15-ти октомври ќе ви бидам вам должен. Во изминативе осум години беа решени низа проблеми кои беа од големо значење за Кавадарци. Градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Панов успеа со безрезервна поддршка од Владата на Република Македонија предводена од Никола Груевски, а со посебна поддршка од вас граѓаните, да реализира неколку капитални проекти, како што е изградба на ифраструктура која обезбедува развој на стопанството и бизнисот, да креира нови работни места во функција на граѓаните, втор по економски развој во државата, изјави Јанчев.
Напомена дека со решавањето на деценискиот проблем, Кавадарци нема веќе проблеми со рестрикции на вода.
Тој на митингот порача дека оваа кампања ќе биде крајно позитивна, со добра мисла и добра волја, но кажа дека тоа не го гледа од противникот.
-Во последнава недела додека јас одев низ Кавадарци да ги слушнам вашите проблеми, да го видам вашиот соживот со соседите, да ја видам инфраструктурата, мојот противкандидат дигна рака за да има двојазичност во Република Македонија. Се служат со смешни лаги и монтирани снимки, тоа допре и до моето семејство, но нема да ме предомисли, одиме напред, изјави Јанчев.
Тој порача дека на граѓаните им треба човек кој ќе има отворени врати за да ги слушне нивните проблеми.
-Додека ја правев програмата, секогаш ја замислував иднината на моите три деца. Ќе создадам услови нема само како татко, туку и како градоначалник. Кавадарци за прв пат ќе има нов иновативен проект, тоа е Мој општинар, а тоа значи дека нема да има веќе редици во општината, туку општинарите ќе одат на терен кај вас дома, изјави Јанчев.
Тие ќе се грижат за сите важни работи околу чистотата, осветлувањето и средувањето на урбаната средина.
-Како земјоделски град, имаме хроничен проблем со грозјето и со неплаќањето, а кога имаме грозје немаме кој да го откупи. Направивме една анализа која што кажува дека во претходните пет години имаме проблеми и со вишок на грозје, а има и години како и сегашната кога нема грозје. Нашата идеја е да изградиме дестилерија, од 40 до 50 килограми грозје да може да откупи во секој момент. Јас сум производител на грозје, имам лозје, знам што значи лозјето, изјави Јанчев.
Како што кажа Јанчев, таа ќе биде изградена од страна на државата или со јавно-приватно партнерство. Тој го спомена како проект и затворениот базен со катна гаража, две нови градинки, реконструкција на Градскиот стадион Тиквеш, со што ќе се овозможи подобар фудбал и да живее клубот Тиквеш, како и да живее навивачката група Лозари.
Тој кажа и уште многу предвидени проекти, меѓу кои две училишни спортски сали, проширување на влезовите на градот Кавадарци. Јанчев најави и средување на проблемот со кучињата скитници.
-Од утре нашата програма ќе биде достапна, во секој дом ќе може да се прочита, да ја види. Тоа е реална програма, позади која што стојам самиот јас. Од програмата заедно со вас граѓаните и советниците, таа е правена врз основа на сериозна економска пресметка, не е правена на памет правена е со математика, изјави Јанчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)