| четврток, 6 декември 2018 |

Побогу Марин, каде живееш?! (видео)

Каде живее Златко Марин, кандидатот на СДСМ за градоначалник на скопски Аеродром?! Се чини ова прашање си го поставуваат и оние кои стојат зад него додека тој држи говор пред присутните на митингот во оваа општина. Аеродром нема тим во прва лига ниту еден спорт?! Побогу Марин?! Аеродромци му одговорија.

Европскиот првак во ракомет во машка конкуренција, РК Вардар, игра во салата Јане Сандански, која се наоѓа во оваа скопска општина, европскиот вицепрвак во ракомет во женска конкуренција ЖРК Вардар игра во истата спортска сала.
Во истата ултра модерна спортска сала игра и аеродромската гордост кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром. Овој клуб е уште еден доказ дека тврдењата на Марин се неточни, имено откако општината почна да го финансира клубот како главен акционер, тие прв пат ја освоија титулата во македонското првенство, а за прв пат во историјата играа и во АБА лигата, регионалната лига на клубови Екс-Ју просторите, која важи за една од најсилните во Европа, а со тоа стана и прв клуб од нашата земја кој заиграл таму.
Оваа титула покрај што беше историска за клубот и за оваа општина и населба, ги сплоти сите фанови на оваа “неспортска“ општина според зборовите на Марин, кои имаа голема прослава во својата населба.

Уште еден тврдење на Марин кое е против фактичката состојба е и дека општината инвестирала средства за развој на спортот. Изгледа ја има заборавено салата Јане Сандански, која како што самите локални жители ја нарекуваа „лименка“, а сега од лименка стана ултра модерна сала, за која сите европски клубови кои гостуваат на МЗТ, РК и ЖРК Вардар, велат дека е сала со најдобри услови.

Покрај тоа во Аеродром е и Куќата на фудбалот(канцелариите на ФФМ), стадионот Петар Милошевски, кој е стадион кој ги исполнува стандардите на УЕФА. И уште многу игралишта и спортски сали се изградени во оваа општина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top