| четврток, 6 декември 2018 |

Мицковски до СДСМ: На 15-ти октомври силно ќе ве победиме,на 16-ти сите заедно ќе ви побараме предвремени парламентарни избори (видео)

Ви благодарам за масовноста, ви благодарам за поддршката. Ми претставува особена чест што како генерален секретар на најголемата политичка партија ја имам честа и улогата да  предводам победничката листа која ќе издвојува рекордна победа на претстојните локални избори, изјави носителот на листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје, Христијан Мицкоски.

-Одговорноста е огромна и како човек, но и акко генерален секретар на најголемата политичка сила. Ова не се само локални избори, ова се избори кои што понатаму ќе ја детерминираат линијата на развој на оваа држава, на нашпата татковина, како пинатаму ќе се развива. Сведоци сме како четири месеци ја понижуваат, омаловажуваат, задолжуваат, ја виткаат кичмата на нивната татковина која што им дала се во жиовотот, рече Мицкоски.

Тој им порача на бителчани дека на 15-ти октомври имаат можност сите заедно со пенкало во рака да стават крај на овој ужас што и се случува на нашата татковина. Вие сте тие кои тоа право и обврска го имате.

-Не само што не задолжуваат, туку и безмилосно ги трошат резервите кои ние им ги оставивме кога ја предадовме Владата. Вкупно, со сето она што не задолжија, не направија посиромашни за вкупно 285 милиони евра. Доста е со омаловажување и понижување на сопствената држава и сопствениот народ. На 15-ти октомври е новиот Илинден, кога сите заедно имате право и обврска да кажете доста е и да заоукружите за бројот 13, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека листата е составена од победнички тим, луѓе кои целиот свој живот работат напорно, успешни во професијата. Ве уверувам дека овие луѓе ќе работат максимално посветено и во корист на бутелчани и скопјани. Граѓаните ги препознаваат вистинските вредности наспроти лажните обвинувања и ветувања. Граѓаните, рече Мицкоски, препознаваат што значи работа, а што значи неискрен и лажен однос пред нив.

Мицкоски ипрати порака и до политичкиот опонент:

-На 15-ти октомври така силно ќе ве победиме што нема да знаете што ве снашло, а на 16-ти сите заедно ќе ви побараме предвремени парламентарни избори…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top