| четврток, 6 декември 2018 |

Словачка со критика за облекувањето на косовската претседателска делегација

Atifete-Jahjaga2Словачките медиуми го критикуваат сопругот на косовската претседателка Атифете Јахјага поради фактот што на самитот на претседатели на централна и југоисточна Европа дошол без сериозна облека и вратоврска, прекршувајќи го државниот протокол кога станува збор за кодексот на облекување.

Словачки медиуми објавија фотографија на претседателката Јахјага со сопругот, кој е без вратоврска, со обична кошула и со џемпер префрлен на рака.

– Ова може да се земе и како непочитување на словачката држава како домаќин на самитот бидејќи официјална Братислава сѐ уште го нема признаено Косово – објавуваат медиумите во Словачка

– Сопругот на претседателката е дел од официјалната делегација и треба да го почитува протоколот. Тој не оди да игра голф. Ова е официјален самит и тој треба да го знае тоа. И претседателката треба да знае – вели Олга Перушкова, експерт за протокол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top