Кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски денеска најави дека поранешната касарна која денес е веќе населба Златен рид во следните четири години ќе доживее градежна експанзија.
-Овде ќе продолжиме да создаваме услови за нови колективни и индивидуални градежни инвестиции кои индиректно ќе значат раздвижување на економијата на целата Општина Битола. Ќе изградиме и асфалтираме уште три нови улици, а ќе биде изградена и атмосферска канализација за 13 улици, во вкупна вредност од 53.000.000 денари. За блоковите АРМ 1 и АРМ 2 предвидуваме и изградба на нова нисконапонска кабловска мрежа и улично осветлување во вредност од 7.350.000 денари. Урбанистичкото планирање е важно за раздвижување на градежниот сектор, истакна Илиоски.
Потенцира дека во неговиот мандат предвидено е донесување на Генерален урбанистички план, како основен и клучен документ во натамошниот урбанистички развој на Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.