| четврток, 6 декември 2018 |

Илиоски:Апелациониот суд донесе скандалозна одлука спротивна на законот

-Апелациониот суд вчера потклекна под политичкиот притисок на СДС, на медиумите под нивна контрола и СЈО, и донесе скандалозна одлука во спротивност со законот- изјави денеска пред Апелациониот суд Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопска апелација го укина решението на Основниот суд во Скопје со кое беше одлучено нелегално прислушкуваните разговори да не бидат доказ во кривична постапка, и со ова судот направи класично прекршување на законот и донесе скандалозна одлука спротивно на правото и спротивно на било која логика и рационално размислување.

-Судот не издржа на политичкиот притисок на СДС и не си ја исполни законската обврска судиите да одлучуваат само врз основ на Устав и закон – и никако поинаку. Судиите имаат обврска да бидат личности со интегритет и да не подлегнуваат под никаков притисок. Со вчерашната потполно нездраворазумска одлука судот најдиректно го прекрши законот за кривична постапка, кој во член 12 став 2 вели максимално јасно и прецизно дека:Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука-речеИлиоски, кој додаде дека овој член од законот е јасен и дециден и истиот не остава простор да биде толкуван на поинаков начин, од тоа како што е напишан.

-Со ваквата скандалозна одлука на Апелациониот суд директно се врши ерозија на правото и правниот систем во Република Македонија, додека судството во очите на граѓаните се повеќе наликува на куклен театар.Ова е многу опасно. Ова е сериозен и незаконски преседан и отвора можност незаконски прибавени докази да бидат дел од постапката со што директно го прекрши законот за кривична постапка. Сите ние граѓаните од денес треба да сме во неизвеснот и наместо да се потпираме на правото да зависиме од милоста на Заев и Верушевски кои сега ги имаат полугите на власта и ќе може уште повеќе да ги кршат нашите права и слободи-нагласи Илиоски.

ВМРО-ДПМНЕ е револтирана и згрозена од вакото неправо.

-И една порака до сите. Ова нема да трае долго. Набрзо ќе има промени и СДС ќе замине од власт. Секој оној кој работи под диктат на СДС и вака ги крши законите за само да му се допадне и додвори на Заев ќе сноси одговорност и ќе одговара  за своите постапки- заклучи Илиоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top