| четврток, 6 декември 2018 |

Илиоски: Ветувањето дека ќе вработите по еден член од семејство, остави 10.000 луѓе без работа во Битола

Расправата на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието продолжува  и денеска. Повеќе од една недела  се расправа по предлогот за изменување и за дополнување на буџетот за 2017 година и Предлог–законот за дополнување на Законот за извршување на буџетот и тоа по скратена постапка.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски им се обрати на колегите од СДСМ

-Господине Ковачевски ние сме тука како опозиција да ве потсетуваме на тоа што ветивте и на тоа што ќе правите и дали ќе направите. Проблемот е што досегашното искуство не само ние, туку и граѓаните на Република Македонија, сме имале горко искуство со вас. Едно сте ветувале, друго сте правеле. Едно сте кажувале дека кога ќе дојдеме на власт од секое семејство по еден човек ќе вработиме, кога дојдовте на власт место да вработите, 10.000 луѓе останале без работа. Таа е разликата и тоа е сомнежот и дилемата не само кај нас туку и кај граѓаните на Републиа Македонија-рече Илиоски.

Тој ги праша пратениците на СДСМ

-Доста плачевте, седнете работете. 50, 60 дена сте на власт што имате направено? Кој закон имате донесено? Која добра промена им направивте на граѓаните? Просечна плата 30 000? Некој се вратија од 600 000 иселени заради нас избегани? Ја зголемивте платата на докторите на 100 000? Што направивте? Единствена работа што ја направите и затоа мора да ви честитам е укинување на Екстерното. Тоа го направивте. Со еден збор тоа е и начинот на вашето владеење. Уривање и укинување. Вие не знаете да градите – рече Илиоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top