| четврток, 6 декември 2018 |

Идните академски граѓани и гладни и жедни: Студентите останаа и без вода во студентските домови (ВИДЕО)

По низата укинувања и стопирања на мерки наменети за студентите, меѓу кои згаснувањето на дисперзираните студии, стопирањето на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери, укинување на појадокот за студентите кои годинава добиле легло во трите најголеми студентски домови во главниот град, домовите “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ и “Кузман Јосифовски – Питу“, на ред дојде и водата во студентиските домови.

Наместо вообичаените три оброци кои им следуваа, идните академски граѓани кои одлучиле да ги користат услугите на студентските домови, за истата цена која ја плаќале и досега, ќе добиваат само два оброци. Тоа значи дека трошокот за студирање станува поголем. Оброкот кој досега го покриваше државата, ќе мораат да го платат од сопствениот џеб.

Од денеска во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ нема ниту вода. Секнаа и чешмите за гладните студенти.

Дали директорот на Државниот студентски центар под чија надлежност се овие три домови, индивидуално оценил дека студентите немаат потреба од храна и вода, или пак, одлуката е изнудена поради кратењето на цели 1,5 милијарди денари од буџетот за образование, останува нејасно, бидејќи раководството на домот не одговара.

Во меѓувреме, студентите секојдневно го изразуваат своето незадоволство, особено на на социјалните мрежи. Неодамна се побунија и поради појавата на инсекти во храната која им се служи.

Околу 3000 студенти кои престојуваат во студентските домови имаат намера да организираат масовни протести доколку управата не ја промени одлуката да добиваат по три дневни оброци и доколку не се преземе ништо за подобрување на квалитетот на оброците и доколку не добијат вода.

Реагираа од Студентскиот дом:
Утрово, без никакво предупредување, беше прекинато снабдувањето на домот со вода од страна на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Постапката на ова јавно претпријатие е без оправдување, со оглед на фактот што раководството на „Водовод и канализација“ веќе беа информирани дека за долгот кон нив, за сметките за вода, е веќе најдено решение.

Возврати и „Водовод и канализација. Претпријатието ја демантираа изјавата на директорот на ДСД Скопје, Атанас Бојчев и натписите во одредени медиуми околу долгот на ДСД Скопје за вода.

-Министерката Десковска и директорот на ДСД Скопје лажат, како и СДСМ. Министерката уште во јуни месец вети дека Владата ќе ги подмири сметките за вода но тоа до ден денес се нема случено. Владата на СДСМ и директорот на домот не само што немаат платено заостанати долгови од претходните години, туку немаат платено ни една сметка за вода откако седнаa на функцијата, од мај годинава, заклучно со септември и тоа ни една сметка за цели 5 месеци. Не знаеме каде одат парите кога не се плаќаат сметките за основните потреби, се вели во демантот на Водовод и канализација-Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top