| четврток, 6 декември 2018 |

„Лабаво лавабо“ ја промовираа својата прва песна (видео)

Познати по креативните и динамични настапи, како и по големиот успех со преработката на „Нигас ин Париз“ („Niggas in Paris“), кои наидоа на одлични реакции кај публиката, момците од групата „Лабаво лавабо“ сега го промовираат својот прв сингл.

„Во твојата улица“ е нивната прва авторска песна и најсвеж производ од работилницата на „Лабаво лавабо“ и „Нипле рекордс“, во соработка со Ристо Алчинов. Како гости во песната се појавуваат Нина Јанева (придружен вокали) и Кире Бреслиев (труба).
Музиката и текстот се дело на водачот Бојан Филиповски, додека, пак, аранжманот е заедничко дело на групата. Одговорни за видеозаписот се „Нипле рекордс“. Со својот прв официјален сингл овие момци отвораат ново поглавје во својата кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top