| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Чикаго го победи Бостон по 112 минути игра

nhl

Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 3-3, а потоа немаше гол во наредните две продолженија или поточно 40 минути. Првата грешка ја направи бедемот на Бостон, во 12 минута од третото продолжение кога Раск, кој одбрани дури 59 шута, беше немоќен по мајсторијата на Шо и со тоа Чикаго стигна до првото водство во продолженијата и воедно го добија првиот дуел од финалната серија што се игра до 4 добиени.

Центарот на Чикаго го сврте правецот на пакот во голот на гостите за радост и триумф на симпатизерите на Чикаго, а натпреварот покрај ваквиот потег ќе се памети и како петтиот најдолг меч во историјата на финалињата во НХЛ, кој траеше точно 112 минути.

Најголеми „виновници“ за должината на овој натпревар беа голманите на двете екипи кои искомбинираа феноменални 110 одбрани.

httpv://www.youtube.com/watch?v=JTCXwsvQOng

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top