Кандидатот за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски денеска најави дека во неговата програма е предвидено општината да го поддржи Кошаркарскиот клуб Работнички, но и сите други спортски клубови.
– Овој храм позади нас заслужува да биде модернизиран и да биде налик оние кои што ги имаат во Европа. Затоа што тоа е неговото место и таа атмосфера треба да ја краси оваа сала. Сакам да ги видам дедовците и внуците како доаѓаат тука со насмевка и сакам да ги видам младите да го почнат своето изeгување навечер со победа на Работнички, истакна Јовановски.
Тој потенцираше дека општината мора да се залага да го врати маалското спортско дружење.
– Ќе ги обновиме сите терени, сите оние места, сите детски и спортски игралишта каде што има кош, стативи, мрежа, топки. Мора да ги видиме нашите деца да играат слободно и да ги добиваат првите искуства и градење на правилен карактер во нашето маало. Сакам спортот да биде секојневние, а не луксуз или минато, посочи Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)