| четврток, 6 декември 2018 |

Ако пиете парацетамол и ибупрофен, ова мора да го прочитате

Таблетка парацетамол или ибупруфен, е лек кој често без да размислуваме го пиеме против главоболка, покачена температура, различни симптоми. Но, тоа е време да се обрне внимание на дозата и на бројот на испиени апчиња.

Жените кои ги пијат овие лекови два пати неделно, ризикуваат од трајно губење на слухот, покажува истражувањето на болницата „Бригам и жените“ во САД.

Лекарите веруваат дека до тоа доаѓа поради намалниот доток на крв во внатрешното уво и негово оштетување при изложеност на бучава.

Дури една од 20 жени би можеле за загубата на слухот да ги обвинат овие лекови против болки, пишува „Дејли мејл“.

Резултатите од истражувањето се во согласност со друга, слична студија, во која учествуваа мажи.

Речиси еден од 12 жени во САД зема парацетамол најмалку два пати неделно, што во период од 6 години го зголемува ризикот од губење на слухот за 9 отсто.

Во студијата, која е објавена во „Journal of Epidemiology“, учествуваа 55.850 жени меѓу 44 и 49 години.

Според резултатите на ова истражување, парацетамолот и сличните лекови може да го намалТ снабдувањето со крв на внатрешното уво.

Сепак, редовни дози на ибупрофен, покажало едно истражување, може да го намали ризикот од рак на белите дробови кај пушачите. Истражувачите од Државниот универзитет во Охајо покажа дека редовното земање на ниски дози на ибупрофен, може да ги смират воспалителните процеси кои водат кон тумор на белите дробови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top