Денеска во Охрид средба остварија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, премиерот на Унгарија Виктор Орбан и поранешниот премиер на оваа држава Јанез Јанша. Тој напомена дека Унгарија заедно со Словенија, настојува ЕУ да се шири во насока на Балканот. Тој напомена дека поранешниот премиер Груевски е единствениот кој може да го продолжи напредокот на државата.
-Нас ни се потребни приказни за успехот, додека Никола Груевски бил на чело на оваа држава Македонија била една успешна приказна и Македонија ќе може да стане членка на ЕУ, само во случај ако оваа приказна за успехот продолжи, доколку националниот доход, економијата и натаму расте. Затоа на тој начин ние ќе добиеме можност да застанеме зад вас, зад вашето членство и да докажеме дека вашиот прием ќе биде успех за сите нас, изјави Орбан.
Тој напомена дека оваа приказна за успехот мора да продолжи, приказна која според неговите зборови е благодарение на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер на Македонија, Никола Груевски.
-Сакам да стаам до знаење на сите, дека европските десни партии очекуваат во Република Македонија, наредни локални избори да бидат фер и демократски. Ние сите ќе дојдеме тука и од блиску ќе набљудуваме, ова е процес. Ние на Македонија и посакуваме овие избори да поминат во фер и демократска атмосфера, со слободно изјаснување на граѓаните, изјави Орбан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)